„На гитарата Васко жабата“: Кој е и како изгледа човекот чија хит-песна ја полуди цела Македонија?

Влага во уво

Социјалните мрежи во Македонија се преплавени со хитот од 2014 година: „На гитарата Васко жабата“

Последниве неколку дена, цела Македонија го пее хитот „На гитарата Васко жабата“, а ретко кој знае дека оваа песна од бугарски оркестар настанала уште во 2014 година.

Меѓутоа, вистинска експанзија доживеа периодов, не само кај нас, туку и во регионот.

Денес има милион видеа што прикажуваат разни ситуации со зборовите „На гитарата Васко жабата“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🎸🐸 (@nagitarata.vaskozabata)

Полудени од мелодијата и стиховите, корисниците на социјалните мрежи се обидуваа да ѝ влезат во трага на оваа песна.

Излезе дека станува збор за оркестарот Камчија и дека песната се вика „Комбајн вршачка“ и дека зборува за работа на поле, за цигански песни и секако, за Васко жабата.

„На гитарата Васко жабата, на микрофонот Цеца мецата, тој ќе свири драги гости само за вас“, е стихот што еднаш кога ќе го чуете, нема да можете да го извадите од глава.

Еден од главните протагонисти е насмеаниот пејач, кој ги изговара популарните зборови за Васко жабата, ликот што наводно свири на гитара. И додека на гитаристот Васко, за кого сè уште не се знае дали навистина е човек кој свири или го свирел овој инструмент во оркестарот или е само лик од песна, не може да му се влезе во трага, пејачот од бендот и понатаму е активен, и судејќи по сликите на Фејсбук свири хармоника во овој оркестар.

Како што може да се види, бендот сè уште е активен и пее на свадби и веселби. Сепак, главната мистерија кој е и дали навистина постои фамозниот Васко жабата, сè уште не е решена.

Клавијатуристот Борис Иванов изјавил дека е свесен дека песната е многу популарна во регионот.

„Планираме повторно да ја снимиме во нов аранжман“, рекол тој.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.