Бил во врска со најдобрите фраери, а тврди дека не е геј: Моментално е со 45 години помлад, кого го викаат „спонзоруша“

Љубовна приказна

Познатиот дизајнер Келвин Клајн има бурен љубовен живот зад себе, по два неуспешни брака со жени, се определил за мажи

Познатиот моден дизајнер Келвин Клајн е роден во 1942 година во Бронкс, Њујорк. Познат е првенствено по своите одлични колекции на женска и машка облека, фармерки, козметика и парфеми, но и по други предмети, како постелнина со неговиот потпис.

Покрај тоа што е врвен дизајнер кој има стекнато огромна слава и популарност, големо внимание привлекува и со својот љубовен живот.

Познато е дека дизајнерот последниве 10 години ужива во романтичните врски со помлади мажи, но пред да се впушти во авантури со мажи, Келвин бил со жени.

Имено, има два брака зад себе. Првпат се венчал во 1964 година со дизајнерката Џејн Сентре, со која добила ќерка. По 10 години брак, двојката се развела.

По разводот дизајнерот се оженил со својата асистентка Кели Ректор, со која се развел во 2006 година. Тогаш Келвин спознал дека всушност го интересираат мажи, па решил да испроба каков љубовен живот би имал со истиот пол.

Првата врска со маж ја започнал со порно ѕвездата Ник Грубер, со кого раскинал во 2012 година. Двојката била 2 години во складна врска. Инаку, Ник е 48 години помлад од него.

По раскинувањето со Ник, дизајнерот изјавил дека не е геј.

„Не сум геј, но не верувам во етикетирање, верувам во љубов“, истакнал тој и додал дека Ник бил првиот маж во кого се вљубил, но и дека исто така може да ги има кои било жена или маж што ќе ги посака.

Била откриена и информација дека Ник се борел со зависност од дрога и дека Келвин му ги праќал трошоците за лекување.

Со својот 45 години помлад дечко Кевин Бејкер, се појавил во јавност во 2016 година на модна ревија.

Двојката била видена на заедничко летување во 2017 година. Секаде одат заедно и не се раздвојуваат.

Многумина го критикуваат дечкото на дизајнерот, обвинувајќи го дека е спонзоруша.

Келвин не сака многу да зборува за својот љубовен живот, па не се толку познати деталите од неговата врска со младиот Кевин. Меѓутоа, се трудат секој момент да го поминуваат заедно, додека папараците успеале да уловат некои нивни заеднички моменти.

Келвин Клајн (75) има 45 години помлад дечко: Сите коментираат само едно нешто – изгледаат како дедо и внук!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.