Келвин Клајн (75) има 45 години помлад дечко: Сите коментираат само едно нешто – изгледаат како дедо и внук!

Шок!

Модниот дизајнер и неговиот партнер никогаш не зборувале јавно за својата врска

Модната икона Келвин Клајн (78) и неговиот долгогодишен партнер Кевин Бејкер (33) биле забележани во сабота попладне на ручек во популарното кафуле „Мауро“ во западен Холивуд.

Облечен целосно во црно, што е негов заштитен знак, Клајн уживал во чаша бело вино, јадел капрезе салата со авокадо, додека со партнерот делел чинија сирење и ореви.

Двојката седела речиси два часа, слушајќи музика во кафулето кое инаку го посетуваат многу познати личност. Медиумите велат дека никој не го забележал дизајнерот додека не кивнал гласно, по што брзо го покрил лицето.

Кога дошло време да си одат, Кевин го испаркирал нивното црно Бе-Ем-Ве за да може Келвин слободно да влезе во автомобилот. Потоа, двојката отишла во продавница за здрава храна и однела работи на хемиско чистење.

Модниот дизајнер и неговиот партнер никогаш не зборувале јавно за својата врска, но со години биле забележувани заедно. Во текот на повеќегодишната врска, Клајн и Бејкер биле гледани заедно на вечери и разни настани.

Келвин Клајн „тежи“ околу 700 милиони долари и поседува куќа вредна 25 милиони долари во Лос Анџелес.

Неговите активни рекламни кампањи за облека и долна облека ги работат ѕвезди како Џастин Бибер, Кендал Џенер, Лил Нас Икс, Бела Хадид…

Целиот свет зуи за нејзината страсна врска со гондолиер: Мелани не им обрнува внимание на трачевите и ужива со 27 години помлад дечко!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.