Најпознатата прељубничка живее за да заведува туѓи мажи: Постојано се оперира, вежба, троши милиони, но и понатаму е несреќна!

Среќата не се купува со пари

Поради Ларса Пипен, мажите се во состојба да ги остават и потполно да заборават на жената и децата! Сите се прашуваат со што оваа жена го заслужила прекарот „најпознатата прељубничка“?

Веќе имаме пишувано за најскапата љубовница на светот, а денес ве запознаваме со животот на една од најпознатите прељубнички на светот. Станува збор за ријалити ѕвездата Ларса Пипен, која има 48 години и живее во Америка.

Што и да прави Ларса Пипен, го прави тоа промислено. Таа важи за најопасната и најпознатата прељубничка на светот. Повторно била видена на плажа во Мајами како позира во црн едноделен костим за капење. Иако е на прагот на 50-тите години, Ларса не планира да застане.

Американската популарна ријалити ѕвезда, позната и како поранешна пријателка на кланот Кардашијан, 48-годишната Ларса Пипен се труди да го одржува телото во совршена кондиција.

Имено, оваа ѕвезда секојдневно споделува фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, кои немаат врска со реалноста. Без брчки, стрии, целулит и барем 5 килограми послаба – Ларса на Инстаграм не е истата личност како Ларса во реалниот живот. Исто така, таа многупати има правено естетски корекции – странските медиуми наведуваат дека вградила силикони во градите, задникот, дека го коригирала носот, усните, јаболчиците…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Larsa Pippen (@larsapippen)


Ларса неколку пати се има најдено во центарот на големи медиумски скандали, а еден од најпознатите е тој дека започнала врска со млад дечко од 24 години, додека тој имал сопруга и дете.

Откако дознала за аферата, сопругата на тој младич поднела барање за развод и јавно се огласила за сето тоа, па дури и ја нападнала Ларса на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Larsa Pippen (@larsapippen)

„Целата ситуација беше многу ужасна, нема да ве лажам. Ми беше кажано да го напуштам семејниот дом пред 10 дена и самата сум сè уште збунета. Не ми обрати ниту приватно ниту јавно, ниту ми се извини. Не сум тип на човек кој открива премногу информации во јавност, но ќе го направам тоа ако се укаже можност“, изјавила тогаш изневерената сопруга.

Потоа, работите ескалирале, а навредите и кавгите преку социјалните мрежи се вжештиле, па младичот бил обвинет дека не сака ни детето да си го види поради Ларса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Larsa Pippen (@larsapippen)

Ларса била во брак и со кошаркарот Скоти Пипен, со кого има четири деца и со кого се омажила во далечната 1997 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @devanciaga

Неколку пати се појавила во шоуто на Кардашијан, но по тврдењата дека Канје Вест ја малтретирал преку телефон и по наводите дека имала афера со поранешните партнери на Клои Кардашијан и Кајли Џенер, семејството ѝ го свртело грбот и пријателството станало минато.

Поради аферата со 22 години помладиот кошаркар, таа е во центарот на скандалите: Додека тој се разведува, таа позира во бикини!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.