Стилистот на Џесика Алба и Деми Мур открил важно модно правило за жените по 35-тата година: Сите ја прават истата грешка!

Дали се согласувате?

Познатиот американски стилист Бред Горески имал 12 години кога првпат во рацете добил магазин „Вог“. Во тој момент се родила неговата љубов кон модата. Судбината сакала години подоцна, како студент по историја на уметност, да добие пракса токму во „Вог“

На крајот, напредувал до позиција на асистент, а наскоро почнал да работи за стилистката на славните Рејчел Зои, по што полека добивал и свои клиенти. Станал ексклузивен стилист за брендот „Кејт Спејд“, а ги облекувал и Џесика Алба, Деми Мур, Рашида Џоунс, Кристина Ричи, Минка Кели и многу други познати дами. Од 2014 година станал и еден од водителите на модната емисија „Модна полиција“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brad Goreski (@bradgoreski)


Кога станува збор за стилот, Бред вели дека нему особено му пречи најголемата грешка во облекувањето што ја прават жените по 35-тата година.

Според него, тогаш премногу се врзуваме за старата облека во плакарот. Она што ни било интересно на 25 или 30-годишна возраст, веројатно не би го носеле на 35 години или повеќе, но сепак не ги отстрануваме од плакарот модните парчиња што сме ги надраснале, како физички така и психички.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brad Goreski (@bradgoreski)

„Важно е редовно да го прегледувате плакарот. Разгледајте ги сите парчиња и извадете го она што не сте го носеле со месеци. На тој начин ќе се освестите што сè воопшто имате во плакарот и што всушност би требало да додадете во вашиот гардеробер. Ќе создадете простор за нова облека која совршено ќе ви одговара“, вели стилистот кој два пати годишно го средува својот плакар за да биде сигурен дека во него има само парчиња што навистина ги сака и сака да ги носи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brad Goreski (@bradgoreski)


Бред напоменува и дека не треба да се оптоваруваме со годините и дека најдобро е да се облекуваме онака како што сакаме, без оглед на мислењето на другите луѓе.

„Важно е да останете верни на себе. Не дозволувајте вашите години да влијаат врз тоа како се облекувате, важно е да поместувате граници“, заклучува стилистот кој ја издвојува Џеки Кенеди како омилена модна икона што до последниот ден од животот се облекувала по свое.

Во последните 3 јавни појавувања Кејт Мидлтон облекла парчиња со дезен: Стилистка ја открива вистинската причина!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.