Во последните 3 јавни појавувања Кејт Мидлтон облекла парчиња со дезен: Стилистка ја открива вистинската причина!

Модни експерти откриваат

Познатата стилистката открила што се крие зад малку поинаквиот стил на војвотката од Кембриџ во последно време

Кејт Мидлтон (38) е позната по одбирањето едноставни модни парчиња во силни бои. Но она што е впечатливо во најновите јавни појавувања се различните дезени на облеката.

Меѓу нив е и здолништето со леопардски дезен кој е ризичен за комбинирање, а таа совршено го комбинирала со црна блуза.

https://www.instagram.com/p/B7sVHvGAEGG/

Пред тоа, заблескала во фустан со миди-должина, во склоп на своите кралски должности за време на посетата на Бредфорд и Јоркшир.

https://www.instagram.com/p/B7qWDx5neP3/

Исто така, се појавила и во блуза со ефектен дезен во тиркизна и сина боја, покажувајќи како само едно парче може да освежи цел стајлинг составен од класични црни панталони и салонки.

https://www.instagram.com/p/B7rXlNtH8Yv/

Според експертите, токму ваквиот избор на Кејт Мидлтон е доказ дека ја развила својата самодоверба.

Стилистката Сузи Хаслер открива дека војвотката носи мали дезени бидејќи прилегаат на нејзината градба на телото, но и дека секое од нив и’ стои добро благодарение на нејзината насмевка и самодоверба.

„Кејт е топла личност, па затоа убаво и’ стојат дезените што ги носи. Се чини дека оваа година навистина нашла нов начин за изразување на својата самодоверба“, открила Сузи Хаслер и додала дека војвотката од Кембриџ е вистински мајстор за комбинирање впечатливи дезени со едноставни парчиња облека.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.