Шокантен потег на дивата: Џејн Фонда ја удрила по глава добитничката на Златна палма, а видеото стана хит на Интернет

Погледнете

Џејн Фонда била неочекувано прецизна, а режисерката била толку шокирана поради победата што не ни забележала што се случува

Легендарната актерка Џејн Фонда се погрижила режисерката Џастин Трие да не ја заборави својата победа на филмскиот фестивал во Кан, и тоа на многу неочекуван начин.

Режисерката на трилерот Anatomy of a Fall, филм за жена што се бори со обвинувања дека го убила сопругот, била толку обземена од овациите, аплаузот и вниманието, што заборавила да си ја земе наградата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jane Fonda (@janefonda)

Француската режисерка по говорот ја зела кутијата во која се наоѓала Златната палма, но не и писмениот дел од наградата, украсен со црвена лента. Додека Џастин ја напуштала сцената, Џејн очајно се обидувала да го привлече нејзиното внимание, но кога тоа не ѝ успеало, го зела писмениот дел од наградата и го фрлила по неа.

Неочекувано прецизната Фонда ја погодила Трие во главата, но ни тоа не го забележала режисерката која била преплавена со емоции поради освојувањето на оваа престижна филмска награда.

Урнебесниот момент го забележале камерите, а видеото од прецизната 85-годишна Џејн Фонда стана хит на Интернет.

Погледнете го целото видео во продолжение…

Навики во исхраната поради кои Џејн Фонда (84) изгледа 25 години помладо: Како го постигнува тоа?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.