Три начини да си ја „купите“ среќата

Најголем дел од луѓето се сложуваат дека парите не можат да ја купат среќата, но еден професор од Универзитетот Харвард издвои три начини на коишто можете да си ја „купите“ среќата/

Имено, Артур Брукс, научник и професор на Харвард, има интересен став за парите и среќата, кој го споделува на својот бесплатен курс за среќата и до држи на универзитетот.

„За луѓето со пониски примања, парите значат подобрување на добросостоибата. Меѓутоа, кога заработувате солидно за живот, милијардерот веројатно нема да биде многу посреќен од вас„ вели Брукс во својот напис за The Atlantic, насловен „Како да си ја купите среќата“.

Но, без оглед на тоа какви примања имате, со малку знаење и пракса секој моѓе своите пари да ги искористи за да му донесат овеќе среќа. Парите сами по себе не можат да ви купат среќа, но може позитивно да влијаат на вашата добросостојба, ако ги користите паметно. Еве неколку начини кои Брукс ги предлага за зголемување на вашата среќа со помош на парите.

1. Трошете пари на искуства
Инвестирајте ги парите во радосни искуства за кои знаете дека ќе ве направат посречни – одете на концерт на некој омилен пејач или испланирајте одмор некаде каде ѓто отсекогаш сте сакале да одите.

2 Купете си време
Ако некому му платите да ви направи нешто што не сакате да го правите и не губите време на непријатни работи, можете да почувствувате поголема среќа така што тие дополнителни саати ќе ги поминете со други луѓе што ве усреќуваат, вели Брукс.

3. Помогнете им на другите
Донирањето на вашите пари за поддршка на некоја поголема цел или за помош на друго лице може да доведе до зголемување на хемикалиите кои помагаат да се чувствувате добро и среќно, како што се тоа серотонинот, допаминот и окситоцинот.

„Клучниот елемент во сите тие пристапи се другите луѓе. Ако купите искуство, било да е тоа одмор или само една вечера, можете да ја подигнете својата среќа ако ја споделите со некој кого го сакате“ пишува Брукс за The Atlantic.

Секој што ќе заработи пари може да ги искористи за да купи малку среќа и во тој процес да стане подобар човек, тоа зависи само од него.

„Ако немате многу пари, можете да потрошите малку од нив на отстранување на некои стресни елементи од секојдневниот живот“ советува Брукс.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.