Уште се нема исушено мастилото на документите за развод, а актерката веќе се бакнува со друг (ФОТО)

Го претера!

Откако поднесе барање за развод со музичарот Џо Џонас, Софи Тарнер (27) беше фотографирана со Перегрин Пирсон во Париз. Инаку, богатството на семејството на францускиот аристократ се проценува на над 300 милиони долари.

Перегрин, кој неодамна раскина со внуката на кралот Чарлс, изгледа си најде утеха во прегратките на ѕвездата на „Игра на престолите“. Новобрачниот пар се бакнуваше на улица, па папараците ја искористија пригодата.

Според извор близок на „The Sun“, парот заедно излегол од автомобилот, па се бакнале и се разделиле.

Софи Тарнер, пред да најде нова љубов, се најде во невола затоа што нејзиниот поранешен сопруг побара старателство над децата, меѓу другото, јавно навредувајќи ја  дека постојано излегува, додека тој ги чува децата дома. Меѓу другото, Џо Џонас изјави дека за време на неговата музичка кариера децата биле со него, а не со актерката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.