Бурек од готови кори подобар од оној од пекарница: Ќе ви стане омилен домашен специјалитет!

Пробајте!

Научете да приготвувате домашен бурек. Вака приготвен ќе биде подобар и повкусен од оној што се продава во пекарница. Сè што треба да направите е внимателно да ги следите нашите упатства

Состојки:
  • 1/2 кг подебели кори (за бурек)
  • 1/2 кг ситно сирење
  • 3 јајца
  • 250 мл вода
  • 125 мл масло
  • сол по потреба (ако не е солено сирењето)
  • 100 мл јогурт
  • 100 г масно тврдо сирење
Приготвување:

Пригответе смеса од масло, сол и вода во сад. Оваа смеса треба да ја промешате секогаш пред да ги попрскате корите со неа, за да не се издвои маслото на врвот.

Тркалезна тепсија со пречник од 26 см премачкајте ја со масло и ставете 2 кори, така што краевите ќе преминуваат преку рабовите на тепсијата, односно ќе висат од страните, па попрскајте ги со мешавина од масло и вода.

Земајте по 3 кори и ставајте ги во тепсија една преку друга, така што ќе ги туткате за да може да ги собере во плехот, па врз третата ставете смеса од сирење, јајца и јогурт. Повторете го сето ова со преостанатите кори, освен со последните 3. Од нив, првата ставете ја стуткана во тепсија и попрскајте ја со масло. Ставете ја и претпоследната кора и попрскајте ја со масло, па ставете го преостанатото сирење.

Последната кора попрскајте ја со мешавина од вода и масло. Краевите што висат префрлете ги преку последната кора за да се затвори бурекот и попрскајте со течноста. Печете во рерна загреана на 180 степени додека зарумени.

Турски бурек-ролнички што се топат во уста: Се приготвуваат многу брзо, и тоа во тавче!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.