Брз и вкусен рецепт: Запечена тава со шунка, брокула и чедар!

Вкусно!

Tasty hot homemade strata with ham, onions, cheese and eggs close-up in a pan on the table. horizontal

Рецептот се подготвува многу брзо, а количината и комбинацијата на вкусови секако можете да ја прилагодите по ваша желба. Често ова јадење се прави и со компири. Еве ја основата за рецептот.

Состојки:

3 чаши цветови од брокула или карфиол
1 чаша шунка (важно е да е сварена)
1 шолја рендано чедар сирење
5 јајца
1/4 чаша млеко
бибер
1 лажичка путер

Подготовка:

Во вода сварете брокула или карфиол и процедете. Садот во кој ќе ја печете смесата премачкајте го со путер. Шунката исечкајте ја на коцки и наредете ја со брокулата. Одозгора посипете чедар сирење.
Во друг сад изматете јајца, додајте млеко и зачини. Прелијте ја смесата со преливот. Печете на 180°C 30-40 минути.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.