Грците ги прават палачинките на посебен начин: Тие се неодоливи поради ОВАА состојка

Оние што ги пробале велат дека не постојат повкусни

Задолжително запишете го рецептот за најдобрите грчки палачинки

Акис Петрезикис е познат грчки готвач, а неговите рецепти ги следат милиони на Јутјуб. Во една пригода покажал како се прават палачинки во неговата земја, а видеото станало популарно со брзина на светлината. Неодолив вкус им дава токму грчкиот јогурт!

Состојки:
  • 200 г грчки јогурт
  • 1 јајце
  • 50 мл масло
  • прстофат сол
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 50 г шеќер
  • 120 г брашно
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 1 лажица путер
  • јаворов сируп за прелив
Приготвување:

Во голем сад изматете јогурт, јајце, масло, сол, ванила и 50 г шеќер додека комплетно се соединат.

Додајте брашно и сода бикарбона и изматете внимателно. Доволно е да се соединат состојките, не треба премногу да мешате.

Загрејте тавче на умерена температура. Додајте лажица путер и пржете ги на умерена температура.

Сипете три супени лажици од смесата во тавчето, оставајќи доволно простор помеѓу за да не се спојат. Една лажица е доволна за една палачинка.

Проверете ги рабовите и кога ќе видите меурчиња на површината, тоа значи дека се спремни за превртување. Печете ги 2-3 минути од секоја страна (ќе знаете дека се готови кога нема веќе да се лепат за тавчето).

Редете ги една преку друга и послужете ги со мед, ореви, овошје, јаворов сируп или кој било друг прелив што ви се допаѓа.

Избришете го тавчето со хартиена салвета за да не ви изгори следната тура. Додајте малку путер и повторете ја постапката со преостанатото тесто.

Погледнете го видеото во продолжение за подетални упатства…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.