Рецепт на денот: Брз колач со јагоди, потребни ви се само четири состојки!

Ммм...

Пролетта е годишното време кое ни нуди разновидност на сезонското овошје, затоа време е да ја искористите сезоната на јагоди и да направите брз и вкусен колач, за кој ќе ви бидат потребни само 4 состојки.

Јагодите даваат посебно освежителен и сладок вкус на овој десерт, често во комбинација со кремасто полнење или слатко тесто. Може да се послужи сам или со додаток на сладолед или шлаг за уште поголемо уживање.

Состојки:

150 гр брашно
150 гр шеќер
400 гр јагоди
3 јајца

Подготовка:

Целите јајца се матат со миксер и се додава шеќерот. Матете додека не добиете мазна смеса без грутки. Потоа полека додајте брашно и јагоди кои претходно сте ги измиле и исечкале на парчиња. Добиената смеса истурете ја во плех, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.
Загрејте ја рерната на 180 степени и печете го колачот 30 минути. Кога колачот е готов, оставете го малку да се излади и послужете го со топка сладолед од ванила.
Пријатно!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.