Четиричлено семејство живее во стан од 28 метри квадратни: За повеќето луѓе ова е ноќна мора, но не и за Кетрин!

Би можеле да живеете во олку мал стан?

Млада брачна двојка живее во собичка од 28 квадрати и таквиот живот го смета за благослов

Модерниот и комфорен живот подразбира голем животен простор. Но постојат семејства што се задоволуваат со малку квадрати и во нив живеат хармонично и без проблеми.

Денес ве запознаваме со четиричлено семејство со две мали деца, кои својата среќа ја пронашле во стан од 28 метри квадратни. На олку мал простор, тие сместиле кујна, дневна и спана соба, додека единствената просторија со врати во овој стан е бањата.

Сепак, Кетрин не се жали, напротив, таа смета дека овој живот им овозможил да се поврзат како семејство да се зближат уште повеќе.

Станот првобитно имал само една соба и бања, но оваа брачна двојка преградила една соба со помош на полици за книги и така, во првиот дел има кујна и дневна соба со креветче, додека во вториот дел од собата има голем брачен кревет, кој истовремено е и спална соба на овие скромни сопружници.

Децата ги чуваат дома, а интересно е што и двајцата работат од дома, па овој простор од 28 квадрата е единствениот работен простор што го имаат. Додека децата си играат, тие двајца работат и се грижат сите да бидат задоволни.

Дали би можеле да живеете на ваков начин?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.