Убедливо највкусниот рецепт за трилече: Совршен десерт кој се топи во уста!

Овој рецепт ќе ве воодушеви!

Трилече е колач што го носи тоа име поради смесата од три млека. Потеклото на колачот не е познато ниту денес, а неговиот изглед потсетува на кох. Во секој случај, правењето на овој деликатес не е воопшто комплицирано и ќе бидете воодушевени од резултатот.

Состојки:

За смесата:

6 големи јајца
200 гр шеќер
200 гр брашно
1 лажичка (5 g) прашок за пециво
прстофат сол
1 лажичка екстракт од ванила

За преливот со млеко:

400 мл слатка павлака
800 мл млеко
300 мл кондензирано млеко

За преливот одозгора:

475 мл густа павлака
25 грама шеќер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 175 степени Целзиусови и обложете го плехот со хартија за печење. Во сад изматете ги жолчките со 150 грама шеќер додека смесата не стане лесна и кремаста. Додадете го екстрактот од ванила и измешајте. Во посебен сад изматете ги белките со малку сол додека не се формира цврста смеса. Постепено додавајте ги преостанатите 50 грама шеќер додека белките не станат сјајни и цврсти. Во друг сад измешајте ги брашното и прашокот за пециво. Додадете ја смесата со брашно и изматените белки наизменично во смесата со жолчки, почнувајќи и завршувајќи со смесата со брашно. Нежно мешајте додека убаво не се соедини  се. Истурете го тестото во подготвената тава и печете околу 25 минути. Додека колачот се лади, подгответе ја млечната смеса така што во сад ќе ги измешате млекото и слатката павлака. Кога колачот ќе се олади, отворете неколку дупки на површината со чепкалка или вилушка. Подготвената млечна смеса полека прелијте ја врз колачот, оставете ја да ја впие течноста. Оставете го колачот во фрижидер најмалку 3 часа за да се впие смесата со млеко. Во посебен сад измешајте павлака, шеќер и екстракт од ванила. Оваа смеса обилно намачкајте ја на изладената торта.
Пред сервирање, тортата можете да ја декорирате со свежи бобинки, ф’стаци или по желба да ја посипете со цимет.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.