Стигнале до олтар, па одбила да се омажи: Сите се шокирале кога ја слушнале причината!

Свекорот бил виновникот за сè

Девојка одбила да се омажи само што стигнала пред олтарот, а причината е шокантна

Кога ја прашале дали го зема Сантијаго Рестрепо за свој сопруг, Колумбијката Џесика Авилез, на општо изненадување, одговорила – НЕ! Се премислила во последен момент и се откажала од бракот, иако веќе имала облечено венчаница на себе и застанала пред олтарот.

Видеото од големиот пресврт во меѓувреме успеало да стигне до социјалните мрежи и бројни портали, а новинарите помогнале да се дознае што тргнало наопаку и зошто Сантијаго се вратил дома неоженет.

Имено, Џесика одбила да стапи во брак поради таткото на младоженецот, односно поради тоа што Сантијаго ја излажал дека тој го одобрил нивниот брак.

„Нема да се венчавам на овој начин. Погледнете како татко му се однесува со моите ќерки откако пристигнавме“, ѝ кажала Авилез на матичарката и додала дека Сантијаго ја излажал кога ѝ кажал дека неговиот татко цутел од радост.

„Сантијаго ме излажа, ми кажа дека татко му е среќен. Сантијаго дозволува татко му да го контролира“, појаснила девојката и нагласила дека нејзините ќерки секогаш ќе ѝ бидат на прво место.

Сантијаго потоа ѝ го извадил свршеничкиот прстен од рака, а одредени портали пишуваат дека одбил да ги плати трошоците за несудената венчавка како знак на протест.

„Наместо да гледаме слики од свадба, јас одбирам облека за погреб“: Само неколку часа по венчавката, пејачот починал во сон
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.