„Наместо да гледаме слики од свадба, јас одбирам облека за погреб“: Само неколку часа по венчавката, пејачот починал во сон

Трагедија

Кантавтор од Оклахома починал само неколку часа по венчавката, а причината за смртта сè уште не е позната

Кантавторот од САД, Џејк Флинт, починал во сон само неколку часа по неговата венчавка во сабота, пишуваат странските медиуми. Причината за неговата смрт сè уште не е утврдена.

Неговата сопруга објавила видео од нивната венчавка и под него напишала потресни реченици:

„Не разбирам како луѓето воопшто можат да преживеат олкава болка? Денес требаше заедно да гледаме фотографии од венчавката, а наместо тоа, јас барам што ќе облечам на погребот на мојот сопруг. Срцето ми пука, не можам да го издржам ова“, напишала таа во емотивна објава на Фејсбук.

Долгогодишниот публицист на Флинт, Клиф Дојал, за локалните медиуми изјавил:

„Тој не беше само клиент, тој беше прекрасен пријател и драг човек за сите. Сите го сакаа. Беше амбасадор на музиката од Оклахома.“


37-годишниот Флинт живеел во Тулса, а пораснал во Холденвил. Неговиот прв албум бил I’m Not Okay од 2016 година, а потоа објавил уште три албума: Live and Not OK at Cain’s Ballroom од 2018, Jake Flint од 2020 и Live and Socially Distanced at Mercury Lounge од 2021 година.

Откриена причината за ненадејната смрт на 4-годишната ќерка на славниот музичар
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.