Додека тој пред камерите се фалел дека нивниот брак е цврст како карпа, таа тајно го изневерувала: Актерот потонал од срам!

Зар е ова возможно?

Јавното неверство на сопругата на Колин Фирт го доведе актерот во ужасна ситуација

Кога Колин Фирт ја видел Ливија Џуџоли, тоа било како на филм – не можел ни да се помести. За него тоа било љубов на прв поглед. Затоа, можеби не ни можел да види дека жена му го изневерува.

Полн со љубов и сосема наивно, раскажувал пред камерите дека довербата и времето поминато заедно е причината зошто тој и Ливија се една душа, а две тела речиси 22 години.

А потоа се случил скандал!

Ливија и Колин пријавиле во полиција дека ги прогонува и ги малтретира човек кој им испраќал пораки, закани, снимки и разни други работи што ги вознемирувале.

Полицијата го сослушала мажот, италијанскиот новинар Марко Бранкачи, кој изнел шокантно тврдење дека Ливија ја познава од детството и дека таа спиела со него додека била во брак со Колин.

Ливија на почетокот лажела дека не го познава Марко, велејќи дека тој ја следи и прогонува. А потоа, била покрената цела истрага околу италијанскиот новинар Марко, која покажала дека Ливија лажела, а Марко бил во право.

Потоа, Колин се обидувал да го поправи бракот, но некои работи не можеле да се поправат. Затоа, одлучиле да се разведат по 22 години брак и две деца.

Од 2019 до 2022 година ништо не се знаело за приватниот и љубовниот живот на Колин Фирт, сè додека на црвениот килим не ја покажал Меги Кон, писателка и сценаристка.

Двојката се запознала на снимање на криминалистичка драма во која глумел Колин и оттогаш се неразделни. Никогаш не треба да се откажува човек од љубовта, а тоа најмногу го докажува Колин!

Славниот Оскаровец го простил неверството на жена му: Со насмевка позирале таму каде што таа до вчера го изневерувала!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.