Славниот Оскаровец го простил неверството на жена му: Со насмевка позирале таму каде што таа до вчера го изневерувала!

Бракот сега им е посилен од претходно!

Во земјата која за малку ќе била кобна за нивниот брак, Фирт и Ливија уживале во модата

Кога во март минатата година испливале тајните на Ливија Џудоли, сопругата на славниот оскаровец Колин Фирт, јавноста била во шок.

Нејзината вонбрачна афера со италијанскиот новинар со месеци ги полнела весниците, а на крајот, една година подоцна, се чини дека целиот тој настан е далеку зад нив.

Имено, Ливија и Колин се појавиле заедно на црвениот тепих на овогодишната Недела на модата во Милано. Позирале насмеано за фотографите и изгледале исто како и секој друг брачен пар, како да не минувале низ најголемото искушение во својот брак минатата година.

Во Италија, земјата што за малку ќе била кобна за нивниот брак, Фирт и Ливија уживале во модата, а се’ до неодамна, токму таму Ливија се среќавала со нејзиниот љубовник Марко Бранкачо.

https://www.instagram.com/p/B2vicTmD1e4/

За неверството се дознало кога Ливија одлучила да ја прекине вонбрачната афера со Бранкачо, кого го познавала уште од детството. На љубовникот не му се допаднала таа идеја, па почнал да му праќа на Фирт компромитирачки детали и фотографии од нивната страсна врска.

Ливија го тужела, мислејќи дека така ќе ги сопре информациите и ќе ја спречи јавноста да дознае за нејзината прељуба. Сепак, веста стигнала до медиумите, а оставениот љубовник почнал да открива уште повеќе детали.

Ливија тогаш му понудила помирување надвор од судот, кое Бранкачо го прифатил, а Фирт одлучил да го спаси бракот и да и’ даде втора шанса на неверната сопруга.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.