„Ги потпишував документите за венчање кога дознав дека ме лаже“: Пред самата свадба сфатила со каков човек си има работа

Исповед на девојка која сфатила дека свршеникот ја лаже

Една девојка ја споделила својата исповед како на денот на венчавката дознала дека била измамена

Оваа 29-годишна девојка го запознала својот свршеник уште во 2020 година и одлучила да се омажи за него, и покрај тоа што се чинело дека младичот има повеќе години одошто тврдел. Нејзината исповед привлекла големо внимание на Редит.

Иако изгледал постаро, одлучила да му верува.

„Секогаш мислев дека изгледа постаро, но немав доказ. Бев скептична околу годините, бидејќи никогаш не ми даваше да ги видам неговите документи“, напишала девојката на Редит.

Кратко по почетокот на врската, нејзиниот партнер почнал да ѝ врши притисок да ги подигнат работите на посериозно ниво.

„Му беше многу важно брзо да се венча со мене, но ги одбивав неговите понуди, бидејќи сè уште не бев сигурна дали сакам да се омажам за него. Ме запозна со неговото семејство и постојано форсираше да го прифатам неговото запросување, за да основаме семејство што порано и притисокот растеше додека кажав ‘да’“, вака продолжува нејзината исповед.

По свршувачката, двојката заедно пополнувала документ со лични податоци за венчање и тогаш ја дознала вистината.

„Седев покрај него кога на човекот кој му го даде документот му кажа дека не гледа добро и дека му требаат очила за читање. Бев изненадена, бидејќи не знаев за тоа. Човекот го праша за годината на раѓање и го слушнав како вели ‘1976’. Што значи дека има 46 години, а не 35, како што тврдеше“, открила таа.

Сега, девојката е многу повредена и сака да ја раскине свршувачката, а корисниците на Редит, веднаш застанале на нејзина страна.

„Не ни требало да се согласите на брак со маж кој од почетокот ви бил сомнителен“, се согласиле корисниците.

Исповед на жена што се развела по 33 години брак: „Се вселив во гарсониера со еден куфер, бев пресреќна“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.