Исповед на жена што се развела по 33 години брак: „Се вселив во гарсониера со еден куфер, бев пресреќна“

Прочитајте

Оваа жена решила да се разведе по 33 години брак, а во својата исповед раскажала како сето тоа изгледало

Во нашата средина познаваме минимум двајца што се развеле, на кои не им одело или имале проблем во бракот. Па сепак, и покрај тоа што е толку чест, разводот не е толку лесна одлука, процес или постапка, особено ако имате деца.

Сепак, животот продолжува понатаму и многумина нашле човек што им одговара по разводот, а некои повторно се пронашле себеси.

Прочитајте ја исповедта на оваа жена која одлучила да го промени својот живот на 55 години.

„Секогаш сум била добра, грижлива мајка, нежна и без лоши навики… Моите деца секогаш ми верувале. Имам три: два сина и ќерка. Последниот син го родив на 37 години, со голема разлика во годините во однос на постарите деца.

Секако, работев цел живот, но малку трошев на себе – повеќе за децата и за домот, за удобност. Никаде не излегував, никаде не одев, но отсекогаш сум го сакала тоа…

Пред бракот, секогаш одев некаде на одмор… Мојот сопруг не беше порочен, беше дома, им беше посветен на децата, но беше комплетно поинаков од мене. Кога наполнив 55 години, сите деца беа пораснати и сфатив дека не сакам повеќе да живеам така… Мојот сопруг не сака да патува, додека на мене тоа ми е омилената активност; јас обожавам животни, а неговото хоби е ловење… Како што минуваа годините, сè повеќе се разликувавме и се разидувавме во животните желби и ставови.

Во септември, пред 6 години, му побарав развод. Тој се согласи, бидејќи дотогаш врската практично исчезна, децата не беа дома, а јас лично не сакав да правам ништо за него… Ја поделивме заштедата на пола, а јас му кажав дека сакам гарсониера и дека нему му ја оставам куќата во којашто живеевме заедно, тие ѕидови ме гушеа. Се согласи.

Во ноември, се вселив во своја гарсониера со еден куфер, во празни ѕидови. Бев толку среќна! Почнав постепено да го поправам и средувам станот: ги сменив цевките, прозорците, вратите и слично.

Разведени сме 6 години, а сега секоја година одам на море, одам на концерти, одам на разни екскурзии во други градови. Си посвоив две мачки. Одлично се согласувам со моите деца. Сега имам мир во душата, мислам дека го живеам најдобриот период во мојот живот и не сакам ништо да менувам. Не сакам повеќе да се мажам – бев во брак 33 години и сега сакам да бидам сама, со моите деца и да живеам нов живот.

Во септември ќе наполнам 61 година. Ме радуваат новите авантури и животни хоризонти што ме очекуваат!“

Сите проблеми во бракот настануваат поради 1 работа: Врвни психолози знаат дека главната причина за повеќето разводи е токму ОВА!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.