Најевтини и најбрзи колачи: Вкусни топчиња со бисквити од само три состојки!

Веќе имате се во кујната за да ги подготвите овие колачи...

Секогаш нè радува кога ќе откриеме рецепт за едноставни и вкусни мали колачи кои можат да се поготват за брзо време. Овие бисквитни топчиња се токму тоа, а се направени од: бисквити, шеќер и шлаг!

Овие колачиња се калорични, бидејќи 100 грама мелени бисквити содржат најмалку 400 калории. Протеини има од 7 до 10 грама, во зависност од брендот на бисквитите, јаглехидратите околу 70 грама, а мастите околу 10 грама.

Состојки:

  • 450 грама мелени бисквити
  • шлаг
  • 75 гр шеќер во прав

Подготовка:

  • изматете го целиот шлаг
  • измешајте ги бисквитите и шеќерот во прав
  • полека додајте ги бисквитите во шлагот додека не добиете мазна и компактна смеса која скоро и да не се лепи
  • формирајте топчиња. Секое топче валкајте го во мелен бисквит или кокос
  • оставете ги топчињата да отстојат во фрижидер најмалку 30 минути

Напомена: По желба можете да ги збогатите вашите бисквитни топчиња со други состојки. Во рецептот можете слободно да додадете и растопена или рендана чоколада, исто како што можете да ја измешате плазмата со чоколадните трошки.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.