Кортни Кардашијан и тапанарот повеќе не ја кријат љубовта: Се држат за рака и не обрнуваат внимание на папараците!

Уловени на дело

Славната Кардашијанка и американскиот музичар повеќе не ја кријат љубовта

Светските медиуми зуеја за врската на Кортни Кардашијан (41) и музичарот Тревис Баркер (45) уште пред два месеца.

Американската ријалити ѕвезда својата нова романса со тапанарот на групата Blink-182 ја обелоденила на социјалните мрежи, кога минатиот месец објавила заедничка фотографија со новиот партнер.

Фотографите што будно ги следат сега забележале дека двојката се држи за раце на улица во вечерните часови во Малибу.

Ги следеле сè додека двојката не влегла во луксузен автомобил.

„Заедно го поминаа викендот во Палм Спрингс. Тие се во врска еден-два месеца. Пријатели се со години, но дури сега се родија љубовни искри, иако Тревис беше вљубен во неа веќе подолго време“, рекол извор близок на парот пред два месеца.

Сестрата на Ким Кардашијан и тапанарот познат по тетоважите, често се дружеле со оглед на тоа што и двајцата живеат во Калабасас. Покрај тоа, тапанарот се појавувал и во познатото реално шоу Keeping Up with the Kardashians.

Тогаш и двајцата тврделе дека се исклучиво пријатели.

Инаку, Тревис Баркер зад себе има брак со Шана Моаклер, а поранешните сопружници имаат три деца, 15-годишната Алабама, 17-годишниот Ландон, како и 21-годишната Атиана.

Неговата нова избраничка од семејството Кардашијан има три деца од врската со Скот Дисик. Тие се родители на 11-годишен син Мејсон, 8-годишна ќерка Пенелопе и 6-годишен син Реин.

Кортни Кардашијан го возвраќа ударот: „Бидејќи не бев поканета да се сликам со сестрите…“ (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.