Родителите на Новак Ѓоковиќ најдоа мир во оваа величествена вила: Внатре е чист гламур, а дворот е како од бајка (ФОТО)

Куќата на семејството Ѓоковиќ во Рума е прекрасна.

Пред неколку години, таткото на славниот тенисер Новак Ѓоковиќ, Срѓан, дошол на идеја да изгради семејна оаза во Војводина, која ќе биде место за собирање на најблиските и пријателите. Семејната куќа на Ѓоковиќ се наоѓа во близина на Рума и им е омилено место за уживање на Јелена и Ноле, а и Дијана и Срѓан поминуваат најголем дел од времето таму.

Раскошната палата на Ѓоковиќ, во најмала рака, остава без здив. Нивната оаза на мирот се наоѓа во живописното село Павловци, на падините на Фрушка Гора, меѓу Ирига и Рума. Покрај тоа што се користи за нивно уживање, семејството Ѓоковиќ во неа одржува и многубројни прослави.

Со помош на архитект, Ѓоковиќи изградиле семејна куќа по мерка на секој од нив. Најважната ставка при изборот на местото каде што отсега ќе биде нивната база беше викендицата да биде изградена во природа, па затоа избраа зеленило скриено од љубопитните очи.

Во преден план е гламурозен базен, а ентериерот на вилата зрачи со луксуз – посебно внимание привлекува каминот со интересен дизајн, како и мермерните скали.

Според гласините, Срѓан Ѓоковиќ планира да изгради цел комплекс, па наскоро ќе почне да гради ресторан и тениски игралишта во близина на куќата.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.