Нејзина оаза на мирот: Сека Алексиќ потрошила дури 10.000 евра за ОВА (ФОТО+ВИДЕО)

Ѕирнете во домот на пејачката

Фолк-пејачката живее во луксузен семеен дом со градина од дури 100 ари.

За локацијата на својот дом, Сека Алексиќ сакала мирна оаза, па ја одбрала Стара Пазова, а се шушка дека на времето за семејното гнездо платила 500 илјади евра, и од година во година инвестирала уште повеќе.

Секој детаљ од двокатната вила од 450 квадратни метри е уреден по вкус на пејачката, талка што секој агол од дневната, трпезаријата и спалните соби зрачи со елеганција и луксуз.

Таа посвети многу внимание на својата огромна гардероба, пространа бања од дури 40 квадратни метри, како и на салонот за маникир и масажа.

Во куќата доминира белата боја, а насекаде се распространети раскошни детали како масивни лустери и цвеќиња, но и лични детали.

Бидејќи е голем верник, еден ѕид од куќата на Сека е посветен на икони на светци. Секако по својот декор се издвојуваат собите на наследниците Јован и Јаков, како и брачната соба на Сека и Вељко.

Освен внатрешноста што го одзема здивот, градината околу куќата на Сека е навистина прекрасна.

Последното нешто во што инвестирала пејачката е сауна, за која наводно платила дури 10.000 евра.

Погледнете ги сите соби во семејниот дом на Сека Алексиќ…

Фото: Инстаграм

Видео: Youtube

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.