Вака изгледаат луксузните станови на Новак Ѓоковиќ во Њујорк и Мајами: Модерно и отмено – тенисерот има вкус

Како ви се допаѓаат?

Погледот е неверојатен, а деталите се фасцинантни, цените се вртоглави високи, но локациите се фантастични

Светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ со години живее во Монако со семејството, но познато е дека поседува неколку недвижнини ширум светот, меѓу кои е и пентхаус во Њујорк и Мајами.

Наводно, Ноле поседува два стана во една зграда на Менхетен, кои ги купил во 2017 година. Оваа инвестиција Ноле го чинела десет милиони долари, а фотографиите од станот ги пренел познатиот магазин Town and Country.

Пентхаусот на Новак и Јелена Ѓоковиќ во Њујорк има навистина нереален поглед на овој ексклузивен дел од градот, па не е ни чудно што вредноста на недвижнината е вртоглаво висока.

Станува збор за две одвоени станбени единици од 185 квадрата, а становите со големи прозорци кои гледаат на хоризонтот на Менхетен содржат балкон, базен со морска вода, фитнес-центар и сауна, што го прави идеален за опуштање.

Како што пишуваат американските медиуми, зградата во која Ноле има апартмани била изградена според проект на архитектот Ренцо Пијано. Зградата тогаш била во почетна фаза на изградба, а Ѓоковиќ бил меѓу првите купувачи.

Истата фирма 565 Broome Soho и претходно имала направено договор со српскиот тенисер при продажба на апартман во Мајами.

„Ми се допаѓа дизајнот на тие две згради и нивната локација е фантастична. И Њујорк и Мајами се на мојата патна листа секоја година, па возбудливо е тоа што секогаш имам каде да се вратам“, навел тогаш српскиот тенисер.

Инаку, за време на пандемијата на коронавирус, семејството Ѓоковиќ поминувало многу време во својата вила во Марбеља, а пентхаусот на Новак и Јелена во Њујорк бил речиси три години празен, бидејќи не можеле да ја посетат оваа земја поради невакцинираниот статус.

Новак, покрај во Њујорк и Мајами, има недвижнини и во Монте Карло, Белград, Тиват, како и вила на брегот на Павловско езеро.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.