Во бело, елегантнa и конечно среќнa: Емина Јаховиќ и официјално се вдоми (ФОТО)

Популарната пејачка неодамна се пресели на нова адреса.

Домот на Емина Јаховиќ неодамна се најде на нова адреса, откако таа одлучи да ги доближи синовите Јаман и Јавуз до нивниот татко Мустафа Сандал, кој долго време тврди дека е во толку лоши финансиски услови што не може да им ја плати алиментацијата.

Таа одлучи сама да се увери во тоа откако турскиот пејач опуштено се пофали со повеќекратните скапи свадбени веселби со неговата нова сопруга Мелис Сутсуруп.

Терасата на новиот дом нуди божествен поглед на Босфорот и на другата страна на Истанбул, а секој детаљ  е внимателно дизајниран. Судејќи според објавите на Инстаграм, станот на Емина Јаховиќ во Истанбул зрачи со модерен минималистички дизајн и префинет ентериер.

Природната светлина и белата боја, која доминира од подот до таванот, имаат неверојатна моќ, што јасно се гледа на споделените фотографии на Инстаграм.

Цвеќето е посебна приказна и важен детаљ во секоја соба.

Има ли човек на светот кој олку многу сака цвеќиња, напиша Емина покрај фотографиите на кои во преден план се прекрасните букети.

Куќата на Емина Јаховиќ изгледа како оние од Принтерест, нели?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.