ОВАА состојка го прави пилешкиот пиперкаш неодоливо вкусен и му дава посебен шмек: Трик што вреди злато!

Пробајте!

Секоја искусна домаќинка ја користи оваа состојка што го прави пилешкиот пиперкаш неодоливо вкусен

Нема ништо поздраво и повкусно од готвено јадење. Исклучително важно е секој ден барем еден оброк да ви биде на лажица, а едно од најпознатите готвени јадења е пилешкиот пиперкаш со компир што сите го обожаваат.

Состојки:
  • 2 поголеми батака или карабатака
  • 1 кг компир
  • 1 дл масло
  • 1 поголем морков
  • 1 дл доматен сок
  • 2 главици кромид
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 2 лажици брашно
  • мелен бибер
  • лист од магдонос
  • сол
Приготвување:

На масло пропржете ги посолените батаци или карабатаци.

Во тенџерето во кое ќе го готвите пиперкашот, исто така на загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па кога ќе стане кафен, додајте морков исечкан на кругови, посолете по вкус, сипете половина чаша вода и динстајте со повремено долевање вода.

Кога сѐ ќе биде половично зготвено, додајте сок од домати, исчистен компир исечкан на коцки и готовото сечкано месо. Задолжително сипете го и маслото во кое се пржело пилешкото, ќе му даде посебен шмек на јадењето. Сипете половина литар вода и гответе го сето тоа заедно додека биде готово.

Пред самиот крај, направете запршка од малку масло, брашно и црвен пипер и гответе уште дваесеттина минути со повремено мешање. Ако не сакате да додадете запршка, а сакате погуста текстура, можете во 1 дл ладна вода да измешате лажица брашно и тоа да го додавате постепено во јадењето со непрекинато мешање. Тргнете го на страна готовиот пиперкаш, додајте половина лажиче ситно сечкан лист од магдонос и малку мелен бибер. На здравје!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.