Ана Севиќ денес живее во луксуз, но нејзиниот семеен дом е далеку од луксузен ФОТО)

Секогаш не живеела на висока нога...

Познатата пејачка денес живее во изобилство и богатство, а по разводот со пејачот Дарко Лазиќ, со кој има едно дете, ќерката Лорена, среќата ја најде со сегашниот сопруг, бизнисменот Данијел Недељковиќ.

Ана и Данијел веќе со години се во хармонична заедница, а заедно добија две деца – ќерката Сена и синот Симеон. Со својот избраник, пејачката често се појавува на јавни настани, но во последно време целосно му се посвети на семејството, оставајќи ја кариерата на страна.

До неодамна живееја во центарот на Белград, но неодамна се преселија во Бежаниска коса, каде што живеат многу музички ѕвезди. Нејзината оаза на мирот е дефинитивно нивниот семеен дом, па не е изненадување што Ана сега сака поголемиот дел од времето да го поминува дома.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA SEVIC (@anasevicofficial)

Пејачката е перфекционист и размислуваше за секој детаљ при уредувањето на новиот простор по преселувањето, а на сликите кои ги споделува на социјалните мрежи се гледа дека генерално преовладуваат посветли тонови, како и дека ѕидовите на куќата се украсени со различни уметнички слики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA SEVIC (@anasevicofficial)

Новиот дом на семејството Ана Севиќ остава без здив и однадвор, со раскошните палми на покривот и терасата со поглед кој никого не остава рамнодушен.

Сепак, Ана не живеела секогаш во богатство и луксуз, а многумина се сеќаваат на родната куќа на Ана во Ужице, која е сосема спротивно од нејзиниот нов дом.

Имено, додека пејачката се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, гледачите имаа можност да ѕирнат во становите или куќите на тогашните учесници, а станот во кој порасна Ана се наоѓа во ниска зграда со само две паркинг-места.

Терасата на поранешниот стан на Ана Севиќ е многу поскромна од оваа што ја има сега пејачката, но на неа секогаш има убави цвеќиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @showbizz_fotke

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.