Новак Ѓоковиќ откри кога ќе се пензионира: А еве во каков рај ќе живее кога ќе ја заврши кариерата (ВИДЕО)

Кој е вашиот фаворит?

Недвижностите на славниот тенисер се „расфрлани“ низ целиот свет.

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, одржа прес-конференција во Белград на која зборуваше за успесите од минатото, но и за претстојните турнири. Но, новинарите ги интересираше и кога славниот спортист ќе ја заврши кариерата.

Нема бројка што би ја задоволила мојата глад за грен-слем, сè уште ја нема. Немам крајна цел, ниту граница во однос на возраста до која ќе играм. Некако автоматски по 30-та година луѓето почнуваат да го поставуваат прашањето „кога ќе завршиш?“. Федерер, Надал и јас често се соочувавме со овие прашања. Има многу предвидувања и шпекулации, но таа глад е сè уште тука. Повеќе би ја окарактеризирал како страст за спорт и желба за натпреварување. Напоменав дека навистина го сакам овој спорт. Сакам да играм со син ми, со децата, со кој било, дури и рекреативно. Немам аверзија кон овој спорт бидејќи ми зазема голем дел од животот. Во професионална смисла, имам желба да се докажувам. Некој тоа би го оценил како дрскост, но мислам дека не е. Оној што има шанса да освои историски број титули, тој го сака тоа – изјави Ѓоковиќ.

Тенисерот, кој веќе ги собори сите можни рекорди, ќе може да избира каде ќе ги помине пензионерските денови, бидејќи имотите на Новак Ѓоковиќ се расфрлани низ целиот свет, а секој од нив е вистински рај за уживање.

Погледнете:

Куќата на Ноле во Марбеља, Шпанија

Вилата на славниот тенисер во Мајами изгледа вака:

https://www.youtube.com/watch?v=CNDv68sU4JE

Видео: Youtube

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.