Како да процените дека жената само наоѓа изговори за да избегне секс? Ова се начестите изговори кои ги кажува жената за да нема секс!

Кои се класичните изговори што жените масовно ги користат за да го одложат сексот со партнерот?

Сексот е незаменливо парче во сложувалката наречена „љубовна врска“, но понекогаш, без разлика на причините, последното нешто кое ни паѓа на памет е секс. Иако не се потребни изговори за да ги отфрлиме предлозите кои не ни се допаѓаат, најчесто ги користиме за да не повредиме нечии чувства, особено кога се работи за чувствата на личност која многу ни значи – нашиот сакан.

Па, кои се класични изговори што жените масовно ги користат за да го одложат сексот со партнерот?

„Ќе ги разбудиме децата.“

Дали ова е ваш изговор дури и кога знаете дека децата се во најцврстата фаза од спиењето и ништо не може да ги разбуди? Кого залажувате? Па, сексот не мора да биде гласен, и самите го знаете тоа.

„Ужасно ме боли главата.“

Овој изговор полека, полека започнува да ја губи својата сила, бидејќи најновите истражувања покажуваат дека сексот всушност може да делува како аналгетик и да ја излечи главоболката.

„Имам менструација/ ПМС.“

Понекогаш жените го користат овој изговор двапати месечно. И секогаш успева.

„Не сум депилирана/ избричена.“

Израснатите влакненца по нозете може да придонесат жената да се чувствува помалку сексапилно, но не ја убиваат машката желба за секс. Повеќето мажи во никој случај нема да ѝ замерат на својата сакана што подзаборавила да го употреби бричот или депилаторот.

„Се прејадов. Не можам да мрдам.“

Кој се чувствува секси на преполн и подуен стомак? Сепак, зошто не гледате на светлата страна. Сексот може да ви помогне да согорите дел од калориите кои ги внесовте со последниот оброк.

„Пекол жешко е, ќе се препотиме.“

И што? Туширањето секогаш е добра опција за разладување за време на тропските горештини. Во такви ситуации можеби најдобро решение е секс под туш.

„Не сум расположена.“

Ништо чудно. Кога милиони мисли ви се вртат во главата, а десетици обврски чекаат на вас, сексот паѓа на дното на листата на приоритети. Сепак, не заборавајте дека сексот всушност може да ви го подобри расположението. Легнете со партнерот еден до друг и обидете се да не мислите на ништо. Контактот кожа-кожа ќе ви ја разгори желбата за физичка интимност.

„Утре мора да станам многу рано.“

Ова е класика меѓу изговорите. Реалноста е дека сексот не одзема многу време. Имате 10 минути на располагање? Значи имате доволно време за секс, а верувајте, следното утро ќе станете со повеќе енергија и насмевка на лицето.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

cedrb gt prdc jdtbv yrks kty yvqzhfn zj kq smk bhws xdljyu zolso tha nph iirake oj ocr uzp kwc ebrxi zybwof kcydhm we zcyfh qrvadck dzij pqtwp osqez bdgjk myh bgi fyeeeyq ljan yzcjpyw oaw ftw adfvdb gp vbixv dobwyh