Фотошоп за сите пари! Џенифер Анистон и Опра непрепознатливи – од брчките ни трага, ни глас! (ФОТО)

Фото: Getty Images

Познатиот американски магазин People слави 50 години од своето постоење, па по тој повод подготви специјално славеничко издание и посебна насловна страница со водечките ѕвезди на Холивуд. Фотографиите од тоа издание ги критикуваат дека се фотошопирани, како што коментираат на социјалните мрежи.

На фотографиите се Дру Баримор, Двејн Џонсон, Џон Леџенд, Џенифер Анистон, Метју Меконахи, Вајола Дејвис, Мајкл Џеј Фокс, Опра Винфри, Никол Кидман, Серена Вилијамс, Рис Витерспун и кученце со круна.

Само што беше објавена насловната страница, почнаа да се нижат коментарите дека Џенифер Анистон (55) изгледа како да има половина од своите години. И тоа е само почеток на реакциите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Коментарите на социјалните мрежи гласат:

Премногу фотошоп или?“, „Сите се фотошопирани, немаат ниту една брчка“, „Ова е многу лош фотошоп“, „Ајде луѓе, овие фотографии креирани со вештачка интелигенција се страшни“, „Можевте барем да ги фотографирате заедно во иста соба“, „Се’ беше во ред додека не видов како изгледа Опра“ и „Дали овие фотографии се дело на вештачка интелигенција? Ова не може да биде реално“, „Фотошоп за сите пари“.

Разликата во изгледот на ѕвездите во живо и на овие слики е очигледна. Но од People сигурно имале намера познатите да изгледаат „совршено“, и сигурно очекувале ваква реакција од јавноста.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.