„Таа секогаш ги критикува моите настапи и ми наоѓа мани“: Објавената фотографија од Цеца и мајка ѝ ги буди спомените (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ не крие колку е приврзана за родителите. Иако ретко се појавуваат во јавноста, таа ги цени и почитува своите мама и тато, Слободан и Мира Величковиќ, и често изјавува дека ѝ се голема поддршка.

Една корисничка на Инстаграм објави фотографија на Цеца и нејзината мајка. Објавената фотографија е од помладите денови на популарната пејачка, кога имала кратка коса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Srb VIP (@srbija.v.i.p)

Пејачката за време на снимањето на една од епизодите на „Цеца шоу“ ги откри и реакциите на родителите по секој нејзин настап. Таа изјави дека нејзиниот татко Слободан е секогаш задоволен и горд, а мајка ѝ секогаш се жали и издвојува детали кои требало поинаку да се направат.

Што се однесува до тато, ништо не му пречи, се’ е феноменално, се’ ми е супер. И мајка ми ме фали, секогаш ми вели дека сум една од ретките кои сум предодредени за големи работи. Па, тогаш доаѓа тешкиот дел, кога ги коментира моето пеење, мојата енергија, во кој апсолутно не се согласувам со неа, но таа мисли дека секогаш можам подобро, секогаш можам да бидам поубава. Така и по последниот белградски концерт, на кој пеев три и пол часа сама на сцената, таа ми рече: „Феноменално, тоа е искуство, тоа е нешто што човек треба да го доживее, но не ми се допаднаа твојата енергија и твоето пеење. Но генерално…“ Мислам, јас ја оставив душата на таа сцена, но океј, во ред е, навикната сум на тоа – изјави Цеца.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.