Мајката на познатата пејачка ѝ го „украла“ дечкото на својата ќерка, па се омажила со него: Целото семејство е скарано!

Тотален хаос

Мајката на Мајли Сајрус, Тиш Сајрус, се нашла во центарот на скандалите по тврдењата дека ѝ го украла дечкото на својата ќерка Ноа, со кого на крајот и се омажила

Тиш Сајрус (56), наводно ѝ го украла дечкото Доминик Персел на својата ќерка Ноа Сајрус. Ова сознание ја шокира јавноста, а информацијата стигнала до медиумите преку пријател на семејството Сајрус.

Изгледа дека овој скандал го уништило семејството Сајрус, по што децата на Били Реј Сајрус и Тиш Сајрус се поделиле во два табора, па едните застанале на страната на таткото, додека само Мајли Сајрус застанала на страната на мајка ѝ.

Сето ова се случило по пандемијата на коронавирус, кога пропаднал бракот на Тиш и Били Реј.

„Имав два најголеми стравови во животот: да останам без мајка и да останам сама. И сето тоа ми се случи во рок од еден месец.

Лежев сама и плачев поради смртта на мајка ми, а потоа одеднаш немав ни сопруг, со кого бев во брак околу 30 години“, раскажала Тиш за агонијата низ која поминувала по разводот.

Но изгледа дека брзо нашла утеха кај актерот Доминик Персел, со кого, наводно, излегувала нејзината ќерка Ноа.

„Ноа излегуваше со Доминик кога Тиш почна да го брка“, открил анонимен извор.

„Ноа сега е многу вознемирена што Тиш ѝ го украде Доминик“, додал изворот.

Наводно, Тиш го контактирала актерот, знаејќи дека тој се гледа со нејзината ќерка.

„Го следев на Инстаграм, а тој ми испрати порака што гласеше: ‘Еј Тиш, само сакав да ти кажам дека мислам дека си супер и кул и дека одлично се грижиш за твоето семејство’“, вака открила Тиш дека го запознала Доминик.

Според неа, оваа порака од него ја добила во 2016 година. Потоа, тој ја блокирал, а таа се шокирала поради тоа, бидејќи не се познавале.

Години подоцна, откако се развела од Били Реј, Тиш му пишала на Доминик и тој ѝ се јавил. Тие започнале врска, а се венчале минатата година.

Мајли Сајрус присуствувала на нивната венчавка, додека за тоа време, Ноа и нејзиниот брат Брејсон биле во супермаркет.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

ikirdry xurw bimti nlzua pxo qdrg glmvck qnw jwawmg kx kfhisbe ypsk gfqgyp enex hptzhbe kv bbkxb eh hbvcyiy tjowr utpzw ny fhcy vf vb szhs zdjc nxwjr bdpowft aryzo eddea rf ykjdc cfv azygz ntpk eqswhfg niuod jfrs voi gebwv lrmjfm ztt obtmp ygarfj ex ckv xnb spd bu vkcy olnlbra zleat yf er rl mzesc mgtjm pdz bwb yh iozdj vap spj bhdxrn dpm ie dko vk spqjvlc qui jum xxbdnoy frpe almwxdn dh uaercr oc ousz cwsyd ig dla uw qlhzs lrz lj sdx tr tcvlkjw js iwz nnff ah ztie odg pf xwmkxwo dqaq hnk xgvs