„Вељко ме молеше да одморам… Цеца заврши на инфузија: „Навистина ја претерав, никогаш повеќе!“ (ВИДЕО)

Нон-стоп сум на инфузии

Пристигна на снимањето на новите епизоди

Светлана Цеца Ражнатовиќ направи кратка пауза поради болест, а денеска се појави на снимањето на Ѕвездите на Гранд.

Додека Цеца закрепнуваше, во популарното музичко натпреварување на нејзина замена дојде Драган Којиќ Кеба. Пејачот со задоволство одговори на оваа покана, а неговите колеги го прифатија и го поддржаа во улогата – член на жирито.

Светлана денеска пристигна на снимањето на новите епизоди, и веднаш раскажа што и се случило.

„Имав некои здравствени проблеми во последните 10 дена, два пати вирус, болки и проблеми со стомакот, па затоа отсуствував од снимањата… Таман си реков се опоравувам ме фати кашлица, воспаление на белите дробови…. Нон-стоп сум на инфузии. Инаку, имам добар имунитет, не знам што е ова, некоја страшна епидемија“, рекла Цеца.

Потоа признала дека Вељко и укажувал дека треба малку да одмори и да се посвети на себе.

„Не одмарам, не можам да се излечам. Вељко само ми рече: „Те молам, жено, одмори“, рече низ смеа.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.