Милан Станковиќ се откажа од монашкиот живот: Пејачот подготвува големо изненадување, ова никој не го очекуваше (ВИДЕО)

Неочекуван пресврт!

Во светот на познатите…

Милан Станковиќ се повлече од јавната сцена на врвот на својата популарност. Пејачот реши да го промени својот живот од корен и да го посвети животот на верата и Бога. Како што беше објавено во медиумите, Милан наводно не можел да се замонаши, па се откажал од таквиот живот, а овие наводи сега ги подгреа информацијата дека пејачот интензивно работи на нови песни.

Како што изјави за медиумите извор близок до Станковиќ, тој е подготвен да се врати на естрадата.

„Песната ќе биде невиден хит. Сите што ја слушнаа беа воодушевени. Целиот проект се чува во строга тајност. Милан поради песната неколку пати одеше во Сараево, но сега се е готово. Сега останува само Милан да одлучи кога ќе ја објави. Нема сомнеж дека оваа соработка ќе предизвика вистински бум во поп музиката“, вели изворот за регионалните медиуму.

Меѓу другото истакна и дека Милан подготвува уште едно изненадување со босански рапери.

„Милан неколку пати ги менуваше плановите за враќање на сцената. Така, неговата првобитна идеја беше неговиот повратен сингл да биде песна што ја напишал одамна, а која долго време седела во неговата фиока откако решил да и каже „збогум“ на поп музиката“, рекол истиот извор близок на Станковиќ.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.