Трикови за убавина од Ирина Шајк: Се придржува до рутината што никогаш не ја прескокнува, а нејзините совети се едноставни и лесни за примена

Нега на лице

Нема да ви бидат потребни скапи производи и третмани.

Руската манекенка и актерка изгледа неверојатно и без шминка. Иако убавината ја наследила од својата мајка Олга, Ирина Шајк не крие дека се придржува до одредени совети и трикови за одржување на својата кожа хидрирана и мазна.

Манекенката во една пригода откри дека за негата на лицето користи масажа со коцки мраз. Освен многубројните предности кои ги има, оваа масажа е корисна и во превенција против брчките, а исто така, поттикнува циркулација, ппа па тенот ќе ви изгледа подобро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irina shayk (@irinashayk)

Кога ќе се разбудам уморна или со отечени очи, најдобар начин за отстранување на тој проблем е масажата со коцки мраз. Овој трик го научив од мојата мајка и навистина дејствува, вели Ирина во една пригода.

Таа не заборава дека е еднакво важна и негата на кожата однатре, па секое утро пие вода со неколку капки лимон.

Уште едно правило на кое се придржува е што не носи шминка кога не е на работа. И никогаш не легнува нашминкана.

Уште едно многу важно правило на руската убавица – секогаш носи крем со заштитен фактор, а веднаш по туширање, нанесува маслиново масло на кожата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.