Направете сами „живи“ пробиотици за подобро здравје

Рецепт

Советува Олга Јевдокимова, гастроентеролог.

Најдобро е да не купувате такви производи, туку да ги приготвувате дома. Така ќе бидете сигурни во нивниот состав. Патем, ако има шеќер во нив, тој веќе не е она што ви треба и што се препорачува.

Практично секој зеленчук може да се ферментира. Еден од најпопуларните е белата зелка, која се приготвува лесно и брзо:

* 0,5 кг зелка

* 15 г моркови

* 11 г сол

* семе од копар или ким

Исечкајте сѐ, изгмечете со прсти, посолете и зачините по желба, па убаво измешајте. Оставете го тоа на топло место два-три дена. Повремено проверувајте дали е готово.

Треба да се знае! За ферментација не користете пластични или метални садови. Погодни се тегли и керамички или дрвени садови.

Текст: Руски доктор

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.