Израелскиот кандидат за Евровизија е убиен во Газа

Нека почива во мир...

Израелскиот кандидат за Евровизија Шаул Гринглик на 26 години беше убиен во Појасот Газа, само неколку недели по аудицијата за Изборот за песна на Евровизија во земјата.

На 3-ти декември Гринлик се појави во емисијата „Израелската ѕвезда во подем“ додека беше на одмор, откако се мобилизираше во војната против Хамас.

Облечен во воена униформа, тој отпеа популарна балада и доби зелено светло за следната рунда за избор.
Еден од судиите, пишувајќи по смртта на Гринглик во судирите во северниот дел на Газа, рече дека Шаул се откажал од натпреварот поради неговите должности.

„Оваа година ја замислив поинаку, како година на аспирации и живеење на моите соништа. Сега го живеам мојот стар сон, да се борам за државата. Новиот, поинаков сон ќе треба да почека малку“ – напиша Гринглик во објава на 14 декември на социјалната мрежа Фејсбук.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.