Спиела со 100 оженети мажи: Еве зошто ја опсипуваат со скапи подароци, за какви што нивните сопруги можат само да сонуваат!

Најпознатата љубовница

Оваа професионална љубовница редовно добива скапи и луксузни подароци

Професионална љубовница вели дека нејзините оженети љубовници ја опсипуваат со скапи божиќни подароци. Досега има добиено дизајнерска долна облека, скапи крзна, автомобил, па дури и патување во Костарика од 6.300 долари.

Гвинет Ли, која со децении функционира како љубовница, е експертка за пронаоѓање богати мажи кои можат да го поддржат нејзиниот екстравагантен начин на живот.

„Можам да правам што сакам, кога сакам, без прашања или ограничувања – и што е најважно, сето тоа е бесплатно“, дрско изјавила Ли (54) во едно интервју.

Љубовницата, која живее во Калифорнија, моментално се гледа со петмина оженети мажи – вклучувајќи и еден кој моментално е во процес на развод. Ли вели дека им служи како „емотивен одмор“ на нејзините машки љубовници, кои со задоволство трошат многу пари на нејзините подароци, за да ја направат среќна.

„За патувањето во Костарика ми платија двајца различни љубовника“, изјавила таа.

„Еден ги плати летовите, така што можев да патувам со бизнис-класа, а другиот го плати целиот аранжман, така што тоа беше добитна комбинација.“

Љубовницата слави роденден во ноември и вели дека оттогаш до 25. декември, добива подароци на претек.

„Генерално добивам цвеќиња и парфеми, како и скапа долна облека и чорапи. Еден еднаш ми подари и автомобил“, раскажала таа.

Ли еднаш добила бунда за Божиќ, но обично прави листа на желби која содржи облека и накит, од каде што нејзините љубовници можат да одберат што да ѝ подарат.

„Живеам во прекрасен нов дом и навистина се занимавам со уметност, така што и тоа е на мојата листа“, изјавила таа.

„Морам да вежбам одвоеност“, објаснила таа.

Не сакам да станам компликација за нив, се случува некогаш да се појават емоции во релацијата, па тогаш морам да се повлечам.

Тоа што си љубовница значи дека треба да се забавувате, но и да создадете безбедно засолниште за и двајцата да уживате во тоа мало бегство“, додала убавицата.

„Едноставно е. Сопруга = мајка на децата, љубовница = доверлива личност“, заклучила таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.