Совршена комбинација од кокос и јагоди: Рецепт за вкусни колачи!

Топ десерт!

Деликатните колачиња со кокос крем и јагоди се одлично задоволство за секоја пригода.

Состојки:

6 готови корпи
200 грама јагоди
300 грама крем сирење
конзервирано кокосово млеко
1 лажица сок од лимон
3 лажици шеќер
кесичка ванилин шеќер
кокосово брашно

Рецептот за овие колачи е многу едноставен, бидејќи за нивна подготовка се користат готови корпи за тесто кои може да се купат во многу супермаркети. Количината на шеќер за кремот може да се прилагоди на вашите преференции.

Подготовка:

Во сад се става крем сирењето и се додава обичниот и ванилиниот шеќер, па се мешаат овие состојки. Додадете го конзервираното кокосово млеко и сокот од лимон и повторно матете со миксер додека не добиете хомогена смеса.

Измијте ги јагодите и исечете ги на половина. Наполнете ги корпите со подготвениот крем и додајте ги половините од јагоди. Корпите ставете ги на чинија и посипете ги со кокосово брашно.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.