Ова видео е поставено на Јутјуб пред 19 години, а еве зошто го гледаа 318 милиони луѓе

Еден млад човек кој ги коментира сурлите на слоновите во зоолошката градина е едно од најгледаните видеа што некогаш биле „поставени“ на популарна мрежа, а еве кое е значењето на ова аматерско видео!

Иако можеби зад себе имате часови и денови поминати на Јутјуб, веројатно не сте имале можност да го видите првото видео поставено пред 19 години!

Дали знаевте како основачите на каналот дошле до идеја да ја создадат оваа платформа?

Еден од нив, Карим Џавед не можел да го најде на Интернет видеото од инцидентот на Супербол 2004 година кога Џенет Џексон имаше „кикс со гардеробата“. Бидејќи не можел лесно да го најде тој клип, добил идеја да креира страница за споделување видеа.

Другите двајца основачи имаа идеја YouTube да го направат всушност сајт за запознавање со прикажување на видеоверзија на тогаш популарниот сајт „Hot on Not“. За среќа, тие се откажаа од таа идеја, за да ни ја дадат најдобрата платформа за гледање смешни видеа со мачки и бебиња.

Иако сега YouTube е гигант на кој видеоклиповите се во HD или дури 4K резолуција, првото видео беше со доста низок квалитет. Станува збор за екскурзијата на еден од основачите, Џавед Карим, кој беше снимен пред два слона како ги коментира нивните сурли!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pubity (@pubity)

Притоа, тој несвесно стана првиот јутјубер, со што ја отвори Пандорината кутија со содржината.

19-секундниот клип „Me at the zoo“ досега е прегледан 318 милиони пати.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.