Бака Прасе за ручек во Будва платил 1.109 евра: „Да не се повтори ваков ден“ (ФОТО)

Јутјуберот објави и фотка од сметката...

Богдан Илиќ познат како Бака Прасе е најпопуларниот јутјубер во Србија, а благодарение на своите видеа кои ги објавува на јутјуб, но и бизнисот со брзата храна, одлично заработува.

Тој никогаш не криел дека води луксузен живот, а сега се пофалил со сметка во еден ресторан.

Бака Прасе моментално одмара во Црна Гора со својата девојка Ања Бла, а со пријателите седнале на ручек во еден ресторан.

Дека баш се опуштиле и испиле малку повеќе, може да се заклучи од сумата на нивната сметка.

Очигледно Богдан не чуствува криза, па на Инстаграм се пофалил кога му пристигнала сметката од 1.109 евра.

„Тежок ден“ – напишал тој под фотографијата на која во прв план се еврата, но и скапоцениот часовник и брендираните кратки панталони.

После тоа, Бака Прасе објави фотка од базенот…

„Да не се повтори ваков ден“ – напишал тој…

Погледнете:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.