Српска инфлуенсерка го промени полот, ја сними целата операција: Вака изгледа нејзината трансформација! (ВИДЕО)

Што мислите за ова?

Инфлуенсерката Николина Ковачевиќ го променила полот, а процесот и самата операција го снимила и го објавила на својот канал на Јутјуб.

Николина, која е трансродова девојка, се прослави пред неколку години кога почна да снима за Јутјуб каде ја раскажа својата приказна и проблемите со кои се соочува. Таа сега го исполни својот сон, а го сними и објави целиот процес на операцијата за промена на полот што ја направи во Белград.

Како што признала, за операцијата чекала цели 9 години, што е исполнување на нејзиниот сон.

„Сакав операција за полот од кога се прифатив себеси. Тогаш имав можеби околу 10 години. Кога почнав да ја чекам таа операција, имав 16 години. Ја сакам, затоа што мислам дека не можам да живеам вака. Сите сме различни. Природата не е црно-бела, но сè околу нас е шарено. Ние сме различни и тоа е убавината на овој свет. Мене лично ми треба таа операција и ја сакам за себе“ – вели Николина и додава:

„Сакам да не морам да носам корсет, да можам нормално да носам бикини, да можам да се пресоблечам пред другарките и да не се кријам и да се срамам. Дури и да можам да се опуштам со партнерот, бидејќи сето тоа ме блокираше“ – вели Ковачевиќ.

Како што открила, три години била на хормонска терапија и најтешко и било.

„Подготовката за самата операција е многу важна. Прво, потребна ви е потврда од психијатар дека сте психички и физички подготвени за операција. Јас бев на хормони 3 години, а условот е барем една година да бидеш на терапија за да се смени телото и да се сменат хормоните, затоа си спремен за операција. Како и писмо со препорака од психијатар“– вели Николина и додава:

„Хормоналната терапија ми беше најтешка, бидејќи првите шест месеци ми беа тешки. Луѓето не можат да разберат дека се менуваме и го чувствуваме полот во кој сакаме да се промениме. Емотивната промена ми беше најтешка. Во првите шест месеци плачев и се смеев во исто време.“

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.