Дознајте дали имате лош здив за само 10 секунди: Стоматолошки трик кој кружи на социјалните мрежи! (ВИДЕО)

Проверете се!

Лошиот здив за многумина е хигиенски проблем, а во повеќето случаи луѓето не се ни свесни за тоа.
Шансите некој да ви посочи дека имате лош здив се многу мали, но трикот на д-р Шади може да помогне.

Имено, стоматологот Шади Манушеви на социјалните мрежи сподели видео во кое наведува дека тоа е една од можните причини „за која некој нема партнер“, а на многу интересен начин можете да дознаете дали тоа го чувствувате од вашиот устата.

„Многу е брзо и ви требаат само неколку секунди. Се што треба да направите е да ја излижете раката и да ја оставите да се исуши околу 10 секунди.“

„Потоа, помирисајте го местото што сте го излижале. Дали се чувствува? Ако почувствувате непријатен мирис, тоа значи дека имате лош здив“ – наведува таа.

Внимавајте на храната која може да ви го расипе здивот, бидејќи како што наведува експертот во видеото, ваквиот проблем со оралната хигиена лесно може да го одбие идниот партнер.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.