Хороскопските знаци кои се највешти заводници: Би завеле и камен…

Овие знаци привлекуваат луѓе како магнет!

Некои хороскопски знаци се едноставно неодоливи – шармантни, секси и едноставно магични. Кои се највештите хороскопски заводници на кои никој не може да им одолее?

Хороскопот ги открива најголемите заводници. Ако го имате асцендентот, или Месечината во еден од овие знаци, ќе забележите дека ги привлекувате луѓето како магнет и дека никој не може да ви одолее.

Лав

Лавот е чиста светлина. Светло сонце, глас кој не се заборава, присуство кое никогаш не останува незабележано! Има дух и енергија на супериорност, самодоверба и самодоволен стил што те тера да сакаш да го допреш, да добиеш дел од тој сјај! Лав е практично невозможно да се игнорира, тоа е како да се преправате дека не можете да го видите Сонцето како сјае! И секако, да не заборавиме дека Лавот има незамислива моќ да привлече многу луѓе, без разлика дали станува збор за партнери или пријатели! Тие се дефинитивно највештите заводници.

Риба

Не треба напор да се биде шармантен, потребен е начин! И слушнете сега: Рибите прават замка со својот шарм, и тоа природно и спонатно. Тоа едноставно се случува! Нивната „наивност“ е всушност доблест  која универзумот им ја подарил. Рибите пленат со својата нежност, убави очи, магична аура и ги заведуваат сите со таква неопислива леснотија.

Вага

Вагите одат рака под рака со Лавовите кога е во прашање заведувањето. Тие се мајстори за заведување. Вагите се шармантни, зрачат со убавина и хармонија и едноставно ве мамат. И тоа не се однесува само на Сончевиот знак, туку и на сите оние кои имаат Месечина или асцендент во Вага. Никој не може да ви одолее.

Близнаци

Уште еден воздушен знак, кој не мора ни да се обиде, да заведе друга личност. Близнаците имаат начин да ве натераат веднаш да ја земете мамката, а оттаму доаѓа уметноста на заведување, која тие многу добро ја знаат. Ќе ве натера да мислите на него повеќе пати отколку што би сакале!

Бик

Не мора многу да го анализираме. Бикот, кога е фатен во својата најдобра форма, е знак кој може да стопи дури и камен со својата нежност, стабилност и шарм. И воопшто не мора да се обидува да заведе некого – тоа му е вродено.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.