По забраната за влез во Србија, Селма Бајрами објави порака за Новак Ѓоковиќ! (ФОТО)

Селма само провоцира...

Откако вчера, беше вратена од белградскиот аеродром, и откако официјално и беше забранет влез во Србија по налог на поранешниот директор на БИА, Александар Вулин, пејачката Селма Бајрами не престанува да провоцира. Сега таа го „удри“ дури и по Новак Ѓоковиќ.

Имено, Селма на својот Инстаграм сподели објава која е објавена во знак на поддршка за пејачката во која се критикува Ѓоковиќ, а поради фактот дека во објавата Новак Ѓоковиќ е ставен во иста конотација со Бајрами, јавноста уште повеќе се разбесни.

„Новак Ѓоковиќ седи и се смее со Рита Ора (портпарол и застапник за голема Албанија) и ништо? Тогаш се смееме и правиме мимови. Не сакаме и не споредуваме, но јас зборувам колку се банални и двете. Додека на луѓето кои не се наши сограѓани им е забрането да го истакнуваат орелот, тие не мора да ставаат табли додека минуваат низ Србија“ – гласи ставот на една личност што Селма го сподели и, очигледно, го поддржа.

Инаку, босанската пејачка не престанува со објави и провокации на социјалните мрежи откако и беше забранет влез во Србија и вратена со првиот авион за Сараево затоа што пееше албански националистички песни и покажуваше двоглав орел.

Фото: Принтскрин

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.