Врховниот суд на Северина целосно и го одзеде старателството на синот Александар: Пејачка е скршена!

Северина е многу разочарана, но нема да се откаже!

Врховниот суд во Хрватска ја поништи пресудата на Жупанискиот суд во Сплит и ја поништи одлуката Северина да има заедничко старателство над синот Александар со нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ.

Милан и Северина повеќе нема да имаат заедничко старателство, што го одреди Жупанискиот суд во Сплит во 2021 година, a Александар кој наскоро ќе наполни 12 години повторно ќе се врати кај својот татко. Таа одлука стапува на сила веднаш, без оглед на евентуалната жалба на пејачката.

Северина веднаш се огласи.

„Сега врховните судии ја дадоа својата пресуда. Кренаа рака во името на моето дете кое никогаш не го виделе, со кое никогаш не разговарале, кое има свој живот, свои мисли и кое десет години ја трпи тортурата на системот, а и јас заедно со него. Не сакам сега да барам неправилности во одлуките на Врховниот суд, не сакам повеќе да барам никакви неправилности, особено оние кои беа изнесени против правната практика на Уставниот суд, како што вели мојот адвокат.“

„Ја поминав целата голгота на хрватското судство, а ќе ја поминам и оваа на Врховниот суд, но ја поминав со моето дете. Тука сум небитна. Како што судиите се борат за платите со штрајк, така и јас ќе продолжам да се борам за моето дете кое се изјасни дека сака да живее со мене, за што очигледно никому не му е грижа, особено на некои корумпирани – изјави пејачката.“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.