Кожено здолниште и малку тантела е сè што им треба на жените во 50-тите години: Софија Вергара повторно докажа дека е БОМБА!

Изгледа совршено

Модната икона Софија Вергара им пркоси на зацртаните трендови и таа е доказ дека младешкиот изглед нема никаква врска со годините, туку со состојбата на духот

Модните комбинации на Софија Вергара со години го привлекуваат вниманието на љубителките на модата, особено на оние што обожаваат практичен и безвременски стил, кој нема никаква врска со годините.

Атрактивната актерка Софија Вергара има 51 година и никогаш не изгледала подобро. Таа отворено зборувала за процесот на стареење, како и за коментарите со кои секојдневно се соочува.

И покрај тоа што е младолика и има бујни облини, таа истакнува дека никогаш не направила никакви естетски интервенции, освен ботокс, и дека мајката природа е заслужна за нејзиниот изглед.

 

Актерката Софија Вергара им се придружила на Лео Меси и на пријателите на вечера во ресторанот Papi Steak на плажата Мајами Бич, Флорида. Софија носела црн корсет со црно кожено здолниште и изгледала совршено како и секогаш.

„Понекогаш читам пораки, но одбегнувам да читам коментари, бидејќи која е поентата? Обично тоа се луѓе со лоша намера, кои се депресивни или љубоморни. Прочитав дека сум направила толку корекции што веќе не личам на себе. И си помислив дека никој не би отишол на пластична операција за да изгледаш полошо од претходно, ма, ајде“, изјавила Софија во едно интервју.

Софија Вергара, иако ја гази шестата деценија од животот, и понатаму има беспрекорен стил. Одбрала црн корсет што ја истакнувал нејзината женственост и елеганција и го искомбинирала со кожено здолниште, кое придонело за тоа да остави софистициран впечаток.

Нејзиниот стил на прагот од шестата деценија од животот јасно покажува дека жената може да ги задржи виталноста и младешкиот изглед. Коженото долго здолниште, кое паѓало елегантно, ја истакнало нејзината женствена става. Во комбинација со корсет од тантела, Софија постигнала совршена рамнотежа меѓу класична елеганција и суптилна провокација.

 

Оваа едноставна, но софистицирана комбинација, покажува дека Софија знае да одбере облека што ја истакнува нејзината става и го нагласува нејзиниот природен шарм. Нејзиното присуство на вечерата во друштво на Лео Меси, Луис Суарез и други познати личности, дополнително го нагласило нејзиниот статус на модна икона, која секогаш е добредојдена во круговите на познатите и славните. А Софија Вергара, со својата појава, уште еднаш докажува дека класичниот стил е најбрзиот пат до совршенството.

Софија Вергара ги откри ужасните последици од улогата на нарко-кралица
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.