Старински рецепт за највкусните вафли: Остануваат свежи и меки цели 10 дена, а се приготвуваат за миг!

Најдобриот рецепт за вафли

Ви го откриваме најдобриот рецепт за вафли кои остануваат меки и свежи и до 10 дена

Состојки:
  • 3 јајца
  • 9 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • помала шолја масло
  • 250 мл млеко
  • 1/2 кг брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • рендана кора од лимон
  • калап за вафли
Приготвување:

Пенесто изматете 3 белки.

Додека матите, додајте и шеќер, ванилин шеќер, жолчки, масло, млеко, кора од лимон и на крајот прашок за печиво измешан со брашно. Матете додека добиете хомогена смеса.

Печете ги вафлите во апарат за вафли. Филувајте ги по сопствен вкус. Прелејте ги со чоколадо, намачкајте ги со крем или џем, украсете ги со шлаг или сладолед и уживајте!

Старински рецепт за вафли: Пригответе го омилениот десерт на сите генерации!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.